Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тен Хаг повторно нема милост: Мегваер остане без капитенската лента и е прв на трансфер-листата

/

пред 1185 дена

Сподели преку :

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг е подготвен да направи нова хиерархија во тимот и уште еднаш покажа дека нема милост кон одредени фудбалери.

Во декември експресно се ослободи од непослушниот Кристијано Роналдо, а вчера и од голманот Давид де Хеа, кој си замина како слободен агент по цели 12 години во клубот.

Англиските медиуми велат дека Холанѓанецот повторно направил голема промена и официјално го информирал Хери Мегваер дека повеќе не е капитен на тимот и лентата оди во рацете на Бруно Фернандеш.

Дефанзивецот исто така е на прво место на трансфер-листата на Манчестер јунатјед летово и ќе мора да бара нов клуб. На излезна врата од „Олд Трафорд“ се и Џејдон Санчо, Фред, Скот Мектоминеј, потоа и оние играчи кои беа на позајмица како Ерик Баи, Алекс Телес и уште неколкумина други фудбалери.