Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бекер две и пол години во затвор

/

пред 1619 дена

Сподели преку :

Поранешниот светски рекет број 1, Борис Бекер поради измама осуден е на две и пол години затвор и веднаш по соопштувањето на пресудата е упатен на одслужување на казната.

Бекер пред пет години поради банкрот и вкупно долгови од 50 милиони фунти мораше да го пријави целокупниот имот кој бил во негова сопственост, но тој и покрај неколкуте предупредувања не го сторил и дел од недвижностите ги префрлил на име на неговата поранешна сопруга Барбара.

Во обвинението за шесткратниот победник на Вимблдон имало 24 точки и му се заканувала затворска казна од седум години, но поради признавање на вината судот решил да му одреди две и пол години со напомена дека по отслужување на половина од казната тој ќе биде пуштен на условна слобода.

Бекер пред две години во Германија поради затајување на данок беше осуден на две години условно и парична казна од 300.000 евра.