Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ивановски го израмни резултатот против Малта, двојките го решаваат победникот

/

пред 1208 дена

Сподели преку :

По победата во дуелот против Лиам Деликата, Калин Ивановски и го донесе првиот поен на Македонија во мечот од првото коло од третата Европска зона во Дејвис купот.

Нашиот најдобар тенисер во два сета со 6:2 и 6:4 го совлада репрезентативецот на Малта во меч што траеше 78 минути.

Претходно Обрад Марковски и покрај водството од 1:0 во сетови на крајот е поразен во соочувањето со Алекс Дегабриеле.

Двајцата тенисери на теренот минаа 2 часа и 46 минути и откако Марковски го реши првиот сет во своја полза со 6:4 следуваше пресврт и на крајот Дегабриеле со 6:2 и 7:6 и донесе предност на Малта.

Победникот во овој дуел ќе се решава во игра на двојки каде Ивановски и Берк Бугариќ ќе се соочат со Дегабриеле и Деликата.

ФОТО: Игор Паневски