Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Сабаленка следната недела ќе биде нов број 1 кај дамите

/

пред 1126 дена

Сподели преку :

По елиминацијата на Ига Швјонтек во осмина финалето од УС Опен, Ирина Сабаленка од следната недела ќе застане на лидерската позиција на ВТА листата.

Дваесет и пет годишната тенисерка од Белорусија ќе биде 29-тата во историјата која успеале да се искачи на првото место.

Сабаленка ќе биде втората Белорусинка која ќе се најде на челната позиција откако најдобра меѓу дамите беше Викторија Азаренка, а потоа нејзиното место го заземаа Ешли Барти и Швојнтек.

Претходно Сабаленка во 2021 година беше лидер и во конкуренција на двојки и таа е само осмата тенисерка по Мартина Навратилова, Аранча Санчез Викарио, Линдзи Девенпорт, Мартина Хингис, Ким Клајстерс и сестрите Венус и Серена Вилијамс кои во текот на кариерата биле лидерки во двете конкуренции.

Сабаленка во досегашниот тек од кариерата има 13 ВТА титули во поедничена конкуренција и настап во 23 финални натпревари.

ФОТО: Игор Паневски