Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ВИДЕО: Сензација-Италијанецот Лука Нарди го победи бројот 1, Новак Ѓоковиќ

/

пред 936 дена

Сподели преку :

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изненадувачки загуби од Лука Нарди во третото коло од мастерс турнирот во Индијан Велс, САД. Првиот светски рекет беше совладан од 20-годишен Италијанец со резултат 2:1 во сетови 6:4, 3:6, 6:3.

Нарди, кој е 123-ти на ранг листата на АТП успеа да го совлада својот идол, чиј постер како што изјавуваше, имал закачено во својата соба.

За Ѓоковиќ, после долго време, ова е пораз од играч кој се наоѓа подолу од 100-тата позиција на АТП листата. Нарди успеа да го победи противникот со поефикасна игра додека Ѓоковиќ се мачеше да ги освојува гемовите. Младиот 20-годишен Италијанец на крај победи, а Ѓоковиќ и по турнирот во Индијан Велс во Калифорнија ќе остане на првата позиција.