Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тим со пресврт против Зверев до прв ГС трофеј

/

пред 2210 дена

Сподели преку :

Доминик Тим успеа да ги остави зад себе  поразите  на Ролан Гарос и во Мелбурн, и освои Грен слем трофеј во 4-тиот обид.Ноќеска во Њујорк,третиот  на АТП листата славеше над Александар Зверев во меч од пет сета и 4 часа игра,за да извлече само петти пресврт во историјата на финалните мечеви на турнирите од Големата четворка.23 годишниот германец одлично влезе во финалето и го искористи притисок на Тим.Зверев со одличен прв сервис,игра на мрежа и форхенд винери,   поведе со 6-2 и 6-4,но австриецот се врати во третиот сет.Тим намали со 6-4 ,изедначи на 2-2 со 6-3 во четвртиот сет,но Зверев успеа да поведе со 5-3 во решевачкиот сегмент од финалето.Во нова игра на нерви и грешки,Тим беше поприсебен и успеа  со 7-6 славенички да го затвори финалето на УС Опен.