Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ТФТ поразен и од Хелиос Домжале: Скопјани се на претпоследното место во АБА 2

/

пред 1050 дена

Сподели преку :

ТФТ Скопје го запиша четвртиот пораз во АБА2-лигата откако денеска загуби од Хелиос Домжале со 63-70 во рамки на 5.коло на турнирот што се одржува во Златибор. Во овие моменти и Пелистер го игра својот натпревар и тоа против домаќинот Златибор.

Словенечкиот тим го имаше водството по првите 10 минути, но ТФТ се врати во вториот период кога до полувремето стигна и до водство од +7 или 40-33. Во вториот дел таа предност брзо се стопи, па Домжале го конторлираше резултатот до самиот крај за победа од 63-70. Тибор Миртиќ одигра феноменален натпревар за Домжале со 20 поени и 16 скока, додека во таборот на скопскиот тим најдобар беше Џелани Симонс со 21 поен.

ТФТ сега е на претпоследната позиција на табелата со една победа и четири порази во досегашниот дел од сезоната.