Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тиквеш брка негатива од четири голови против Драма во Европскиот Куп

/

пред 742 дена

Сподели преку :

Ракометарите на Тиквеш денеска од 19 часот го пречекуваат грчкиот состав Драма во рамки на реванш натпреварот од 1.коло во Европскиот Куп на ЕХФ. На првата средба а гостински терен нашиот тим загуби со 31-27.

Негативата од четири голови разлика не е голема, но кавадарчани денеска треба да одиграат фантастичен натпревар за да го елиминираат составот на Драма. На првата средба, Тиквеш имаше доста осцилации во играта, па Драма го диктираше резултатот. На полувремето беше 14-13, а нашиот тим беше во голема неволја во вториот дел. По една серија од 5-0 на домаќинот, Тиквеш имаше и негатива од седум голови. Во финишот успеа да се консолидира и да намали на -4 за конечни 31-27.

Кавадарчани по две одиграни кола во Суперлигата, загубија дома од шампионот Еурофарм Пелистер со 27-31, а потоа ремизираа на гостувањето кај Тинекс Пролет. Ако Тиквеш денеска успее да слави победа од пет или повеќе голови разлика во 2.коло од Европскиот Куп на ЕХФ ќе се соочи со норвешкиот тим Арендал.