Фудбалскиот клуб Тиквеш од Кавадарци денеска на социјалните мрежи објави дека го повлекува дресот со бројот 16 што во минатото го носеше Андреј Лазаров, кој трагично загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16-ти март.
„Во чест и знак на благодарност за АНДРЕЈ ЛАЗАРОВ, фудбалер и голем херој кој со своите настапи многу придонесе за успесите на нашиот клуб, дресот со број 
кој тој го носеше во ГФК Тиквеш, трајно се повлекува од употреба и ќе остане како траен белег да ги краси клупските простории за негов вечен спомен.
Ангелите живеат вечно 
Збогум Андреј
“, стои во објавата на фудбалскиот клуб Тиквеш.
Лазаров, кој имаше само 25 години загина во обид да им помогне на што повеќе луѓе да излезат од опожарената дискотека „Пулс“. Тој во својата фудбалска кариера освен за Тиквеш играше и за Работнички, потоа хрватските клубови Рудеш и Горица, а негов последен клуб беше Шкупи, каде ги мина изминатите шест месеци.











