Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тола триумфираше на маратонот со нов рекорд на првенствата

/

пред 1541 дена

Сподели преку :

Тамират Тола од Етиопија го освои златниот медал во маратонската трка во машка конкуренција.

Тој на целта пристигна со време од 2 часа 5 минути и 36 секунди што е нов рекорд на шампионатите. Тока кој беше втор на Светското првенство во Лондон пред пет годни за минута 28 секунди го надмина досегашното постигнување на Кениецот, Абел Кируи од Мундијалот во Берлин 2009 година.

Втор низ целта мина неговиот сонародник Мосинет Гермију додека трет е Башир Абди од Белгија.

На маратонската трка која стартуваше во 6 часот и 15 минути наутро по локално време беа пријавени 62 тркачи, а на целта пристигнаа 54.