Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Томори на мета на англиските премиерлигаши: Милан не е заинтересиран за продажба

/

пред 1264 дена

Сподели преку :

Фикајо Томори со фантастични игри во дресот на Милан го привлече интересот на Манчестер јунајтед и Њукасл, кои бараат засилувања на стоперската позиција.

Англискиот интернационалец дојде на „Сан Сиро“ во јануари 2021 година, првично како позајмен фудбалер, но следното лето неговиот договор беше веднаш откупен за 31 милион евра. Се промовираше како незаменлив дел од одбраната на „росонерите“ како во ланската шампионска сезона во Серија А, така и годинава во Лигата на шампиони, каде Милан стигна до полуфиналите.

Италијанскиот тим не е заинтересиран за продажба, освен ако не пристигне некоја огромна понуда што не се одбива. Цената на Томори на трансфер-пазарот моментално е 45 милиони евра, а неговиот договор со „росонерите“ истекува во јуни 2027 година.