Двајца каратисти на Макпетрол денеска се закитија со медали на Балканското првенство за кадети, јуниори и младинци што се одржува во Љубљана, Словенија.
Витомир Трајковски го освои златниот медал во категоријата под 84 килограми во младинска конкуренција. Стефан Стојановиќ пак се закити со бронзата во категоријата над 84 килограми исто така во младинска конкуренција.
На силното Балканско првенство учествуваа 13 држави.











