Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Тренерски смени само во текот на преодните рокови

/

пред 952 дена

Сподели преку :

Асоцијацијата на менаџерите на тимовите во Англија најави дека наскоро ќе промовира предлог со кој нејзините членови барем по еден основ ќе имаат идентичен статус како и фудбалерите.

Со новиот предлог се предвидува да се воведе правило според кое менаџерите нема да се менуваат во текот на сезоната туку измените на оваа позиција може да се прават само во текот на зимскиот и летниот преоден рок.

Доколку ваквиот предлог се усвои тоа ќе значи дека тренерите ќе имаат идентичен статус како и фудбалерите и нема да може да добиваат отказ во текот на сезоната.

Идејата за воведување на вакво правило се поткрепува и со фактот дека минатата година во професионалните лиги на Островот имало дури 14 смени во текот на натпреварувањето додека во досегашниот тек од сезоната таа изнесува една четвртина во однос на претходната.

Според најавите предлогот ќе биде доставен во следниве неколку недели и се очекува тој да биде прифатен и да се имплементира веќе од следната сезона.

ФОТО: Игор Паневски