Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трето европско злато и светски рекорд на Тиам во петобој

/

пред 1312 дена

Сподели преку :

На вториот ден од Европското првенство во сала што се одржува во Истанбул постигнат е првиот светски рекорд.

Нафисату Тиам од Белгија во петте дисциплини освои вкупно 5055 бода со што го надмина досегашниот светски рекорд на Украинката, Наталија Добринска која во 2012-тата исто така во Истанбул имаше 5013 бода.

За двојната олимписка и светска шампионка, ова беше трето европско злато во сала откако претходно беше најдобра во Белград и Торино.

Среброто и припадна на Адријан Шулек од Полска која за еден бод го надмина рекордот на Добринска додека бронзениот медал го освои Нор Видс од Белгија.