Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три бронзи за каратистите на Макпетрол на „Златен појас“

/

пред 187 дена

Сподели преку :

Тројца каратисти на Макпетрол освоија бронзени медали на 55-тиот меѓународен турнир „Златен појас“ во Чачак, Србија, што се одржа изминатиот викенд. Македонија на овој силен турнир ја претставуваа 15 каратисти од поширокиот список на сениорската репрезентација.

Петар Заборски во категоријата под 75 килограми го освои бронзениот медал. Тој имаше вкупно четири победи и го загуби полуфиналето по изјаснување откако борбата заврши без поени 0-0. Останатите два бронзени медали за Македонија ги освоија каратистиките на Макпетрол, Јована Мицовска во категоријата до 61 килограм, како и Викторија Јовановска во категоријата до 68 килограми.

Најголемиот успех за нашата репрезентација го оствари Андреј Стојчевски, кој стигна до сребрениот медал во категоријата до 60 килограми.