Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Три македонски претставници се борат за продолжување на настап во КЛ

/

пред 1181 дена

Сподели преку :

Денеска трите македонски претставници во Конференциската лига ги играат првите мечеви од стартната квалификациска рунда во третото по ранг клупско натпреварување на УЕФА.

Први на теренот ќе истрчаат фудбалерите на Македонија ЃП кои од 17 часот и 30 минути го пречекуваат летонскиот претставник РФС. Натпреварот се игра на терените на тренинг центарот Петар Милошевски.

За 19 часот закажан е почетокот на дуелот во кој Шкупи му гостува на Хегелман од Литванија, а во 20 и 30 на арената Тодор Проески, Шкендија е домаќин на претставникот на Велс, Хаверфордвест.

По нерешениот резултат на гостувањето во Литванија против Жалгирис на нашиот првак Струга ТЛ се очекува и во денешните дуели нашите претставници да забележат поволни резултати кои ќе им донесат мирни реванши за следната недела и по подолга пауза Македонија да има повеќе претставници во втората рунда од квалификациите во натпреварувањата на УЕФА.

ФОТО: Игор Паневски