Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Трупе ја шокираше Шифрин во второто возење во Оре

/

пред 574 дена

Сподели преку :

Катарина Трупе имаше сензационална втора трка на слаломот во Оре и успеа да дојде до првата победа во кариерата во Светскиот куп во алпско скијање.

Трупе по второто возење успеа да надомести пет позиции и да дојде до победата со време од 1 минута, 42 секунди и осум стотинки. Зад неа финишираше австриската сонародничка Катарина Линсбергер со пет стотинки послабо време, а со третото место мораше да се задоволи најдобрата по првото возење Микаела Шифрин од САД, која на крајот задоцни 19 стотинки во однос на победничката.

Во слалом води Здринка Љутиќ од Хрватска со 515 бодови, пред Камил Раст, која има 41 бод помалку. Во генералниот поредок лидер е Федерика Брињоне со 1.294 бодови или 322 повеќе од Лара Гут-Бехрами.

Следниот викенд скијачките ќе се натпреваруваат во Италија во Ла Тиул и тоа во спуст и две трки во супер велеслалом.