Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Турција и Србија го затвораат второто коло од Мундијалските квалификации

/

пред 1499 дена

Сподели преку :

Денеска се играат последните натпревари од вториот круг во завршната рунда од квалификациите за пласман на Светското кошаркарско првенство што ќе се одржи следната година.

Во мечот на вечерта Турција во арената Синан Ердем во Истанбул ја пречекува Србија, а почетокот е закажан за 19 часот. Домаќинот ќе се обиде да направи сензација откако во претходното коло е поразен од Летонија додека Србите посакуваат продолжување на победничката низа откако во петтото коло славеа над Грција.

Во останатите мечеви од И конкуренцијата се среќаваат Велика Британија – Летонија и Грција – Белгија.

Во Ј групата на програмата се дуелите Германија – Словенија, Израел – Шведска и Естонија – Финска.