Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА го казни Даку со забрана на настап на два натпревари

/

пред 832 дена

Сподели преку :

Тоа што се очекуваше на крајот и се потврди дисциплинската комисија на УЕФА ја изрече казната за репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку.

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку за неспортското однесување по натпреварот со Хрватска во кој ги навреди Македонците доби забрана за настап на два натпревари од кои првиот е утрешниот против Шпанија во фазата по групи од Европското првенство, а доколку Албанија не се пласира во следната рунда, тој ќе пропушти и еден дуел во Лигата на нации која почнува во септември.

Во соопштението на дисциплинската комисија Фудбалска асоцијација на Албанија е казнета со 47.500 евра и тоа за користење пиротехника, влегување на гледач на теренот и за скандирање на провокативни слогани кои не се соодветни за фудбалски натпревар. УЕФА изрече и казни за Хрватска која ќе мора да плати сума од 28.000 евра.

ФОТО: Игор Паневски