Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА отвори истрага за однесувањето на Даку

/

пред 837 дена

Сподели преку :

Дисциплинската комисија на УЕФА вечерва објави соопштение во кое се потенцира дека е отворена истрага против репрезентативецот на Албанија, Мирлинд Даку и тоа поради неспортско однесување по натпреварот со Хрватска.

Даку на крајот од средбата скандираше навредливи зборови за Македонците што беше прифатено и од навивачите на трибината.

УЕФА отвори и истрага за неспортското навивање за време на истиот натпревар и во извештајот се вели дека ќе се истражуваат навредите на расистичка и национална основа од страна на поддржувачите на двете селекции.