Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УГД Штип со седум победи од седум натпревари во Првата лига

/

пред 309 дена

Сподели преку :

Штип продолжува да реди победи во Првата одбојкарска лига на Македонија и го задржа перфектниот учинок и по седмото коло откако попладнево го совлада тимот на Работнички.

Пред својата публика во салата „Јордан Мијалков“ во Штип, домашниот тим славеше во три сета и тоа со 25:18, 25:18 и 25:14 и ја оправда фаворитската улога. Лидерот на табелата беше предводен од  Махди Задмард со 17 поени и репрезентативецот Стојан Илиев со 13. Во редовите на Работнички, Кубанецот Густаво Вера Боланос со осум поени беше најефикасен додека Миодраг Новески освои седум поени.

Штип УГД држи одличен ритам сезонава во пресрет на главните испити на домашна
сцена, дуелите со Борец (3 декември) односно со шампионот Струмица (6 декември) кои
ќе му бидат и последна проверка на силата во пресрет на следниот европски предизвик –
италијански Милано (10 декември) во рамките од 1/16 финалето во ЦЕВ купот.

Фото: Горан Стаменков/Штип УГД