Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Унгарија и Грција во битка за златото во Фукуока

/

пред 1166 дена

Сподели преку :

Ватерполо репрезентациите на Унгарија и Грција ќе се соочат во решавачката битка за златниот медал на ватерполо турнирот на Светскиот шампионат во водени спортови што се одржува во јапонскиот град Фукуока.

Грција во полуфиналето беше супериорна во дуелот против Србија и забележа победа од 13:7 и се реваншираа за поразот во финалето на последните Олимписки игри во Токио.

Грција по олимпиското сребро сега за прв пат во историјата има можност да се бори за златен медал и на Светските шампионати на кои до овој момент имаат три бронзи.

Унгарија во далеку понеизвесна битка со гол последната секунда триумфираа над Шпанија со 12:11 и успеаа да го елиминираат се уште актуелниот светски првак.