Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике нема да смета на крилниот напаѓач Усман Дембеле за утрешното гостување во Лондон против Арсенал во рамки на Лигата на шампиони.
Французинот е исфрлен од тимот поради недисциплина. Според шпекулациите, тој имал жестока расправија со тренерот Енрике по дуелот со Рен по што Шпанецот решил да не го повика за дуелот со „топчиите“.
Сезонава Дембеле игра одлично во дресот на парижаните во Лига 1 и на шест натпревари има четири голови и исто толку асистенции.











