Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Валтер: Верувам дека сме подготвени, одиме на победа

/

пред 1328 дена

Сподели преку :

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва против Агуаш Санташ го играат решавачкиот натпревар за пласман во елиманициската фаза од ЕХФ Лигата на Европа.

Битолчани очекуваат дека ќе успеат да стигнат до посакуваната победа во мечот директниот ривал за освојување на четвртата позиција во групата.

“Напорно работиме да го пронајдеме вистинскиот ритам. Мислам дека ја подобривме одбраната и подобри сме и во нападот. Верувам дека утревечер по натпреварот ќе можам да кажам дека сме на вистински пат. Суси напорно работи, но веројатно нема да игра утревечер. Велковски со крупни чекори напредува, од ден на ден е подобар и блиску е до комплетно враќање. Подготвен е да ни помогне и среќен сум за неговиот напредок. Каспер Кисум е добар играч, но му треба малку време да се навикне на нашиот систем. Треба да му олесниме да се прилагоди. Се работи за одличен играч и многу ќе ни помогне во текот на сезоната. Се работи за брза екипа, која се познава меѓу себе и нема да биде лесно против нив. Сепак, убеден сум дека сме подготвени”, изјави тренерот на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер.

ФОТО: РК Еурофарм Пелистер