Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вембања доминираше, Сан Антонио на победа до финале на Западот (ВИДЕО)

/

пред 143 дена

Сподели преку :

Сан Антонио поведе со 3-2 против Минесота по убедливата победа на домашен терен во полуфиналната плејоф-серија на Западот во НБА-лигата.

Виктор Вембања, откако четвртиот натпревар го заврши предвреме поради исклучувачка техничка грешка, утринава се искупи со фантастичен настап во победата на Спарс од 126-97 против Тимбервулвс.

Французинот мечот го заврши со 27 поени, 17 скока, пет асистенции и три блокади. Келдон Џонсон постигна 21 поен, додека Деарон Фокс додаде 18. Кај Минесота, Ентони Едвардс во првото полувреме беше ограничен на само осум поени, но натпреварот го заврши со 20. Џулиус Рендл и Џејден Мекдениелс постигнаа по 17 поени.

Следниот натпревар се игра во Минесота, а Сан Антонио со евентуална победа ќе обезбеди пласман во финалето на Западната конференција, каде што веќе го чека актуелниот шампион Оклахома.