Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Викендов дефинитивно нема фудбал во Грција

/

пред 1032 дена

Сподели преку :

Раководството на Грчкиот фудбалски шампионат и официјално потврди дека викендов нема да се играат натпреварите во националното првенство.

Мечевите се одложени по двa основa, првиот е дека нема услови да се исполни барањето на судиите за гаранција на нивната безбедност на терените како и поради не можноста на полицијата да ги обезбеди сите спортски настани во земјата.

За втората причина се потенцира фактот дека вчера се случи тежок инцидент на одбојкарскиот натпревар меѓу Олимпијакос и Панатинаикос кога по судирот на полицијата и хулиганите еден припадник на безбедносните сили е потешко повреден и се наоѓа во кома.

Во образложението се потенцира дека хулиганите за своите пресметки почнале да ги користат и натпреварите во условно кажано помалите спортови на кои најчесто има и помало присуство на полицијата.

Инаку по инцидентот на одбојкарскиот натпревар полицијата привела преку 400 хулигани кои учествувале во тепачката.

ФОТО: Игор Паневски