Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Винисиус Жуниор во 99.минута донесе триумф на Бразил (ВИДЕО)

/

пред 562 дена

Сподели преку :

Фудбалската репрезентација на Бразил славеше победа од 2-1 против Колумбија во рамки на 13.коло во јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство 2026 година.

Рафиња го отвори резултатот уште во шестата минута кога погоди од пенал за голема радост на стадионот „Мане Гаринча“ во Бразилија. Ѕвездата на Ливерпул, Луис Дијаз го израмни резултатот во 41-та минута.

Победата за „кариоките“ ја обезбеди Винисиус Жуниор со одличен погодок од далечина во 99-тата минута од натпреварот.

На останатите натпревари утринава во Јужна Америка, Парагвај со минимални 1-0 го совлада Чиле, додека Перу со 3-1 беше подобар од Боливија.