Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Витсел се повлече од репрезентацијата на Белгија

/

пред 1242 дена

Сподели преку :

Аксел Витсел објави дека во продолжението од кариерата нема да настапува за репрезентацијата на Белгија.

Триесет и четири годишниот фудбалер во дресот на националниот тим дебитираше во 2008 година и со вкупно 130 натпревари е втор на вечната листа веднаш зад Јан Фернтонген кој 147 пати беше дел од репрезентацијата.

Фудбалерот на Атлетико Мадрид за селекцијата на Белгија настапи на три светски и две европски првенства, а најголем успех му е третото место на Мундијалот во Русија 2018-тата.

Витсел е третиот репрезентативец кој објави повлекување откако по разочарувањето на Светскиот куп и елиминацијата во првата фаза и им се приклучи на Еден Азар и Тоби Алдервајрелд.

ФОТО: Игор Паневски