Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вкупно 16 репрезентации од Европа ќе се квалификуваат на СП 2026

/

пред 1196 дена

Сподели преку :

На состанокот на Извршниот комитет на УЕФА одржан денеска во Нион, Швајцарија, беше потврден форматот на квалификации за Светското првенство во фудбал во 2026 година, што ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Овој турнир ќе биде со рекорден број учесници односно 48, а од Европа ќе се квалификуваат вкупно 16 репрезентации.

Европските квалификации ќе бидат поделени во групна фаза и плејоф. Групната фаза ќе се игра традиционално по системот дома/гости, а ќе има 12 групи со по четири или пет репрезентации. натпреварите ќе се играат од март и ноември 2025 година.

Победниците на 12-те групи ќе одат директно на Светското првенство, додека второпласираните репрезентации одат во плејоф. Таму ќе се им се приклучат и четири репрезентации кои ќе бидат најдобро рангирани во Лигата на нации, а нема да стигнат до Мундијалот преку квалификациите. Овие 16 тимови во плејофот ќе бидат поделени на четири турнири од по четири репрезентации.

Ќе се игра еден натпревар во полуфинале и еден во финале. Победниците од четирите турнири ќе обезбедат место на Светското првество во 2026 година.

За потсетување, македонската фудбалска репрезентација стигна до финалниот плеј-оф натпревар за пласман на изминатото СП во Катар. Најпрво во полуфиналето ја совладавме Италија во Палермо со 1-0, но загубивме од Португалија во Лисабон со 2-0.