Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Влхова победи во Крањска Гора, Шифрин не ја заврши првата трка

/

пред 1001 дена

Сподели преку :

Петра Влхова беше најбрза на слаломот во Крањска Гора и дојде до третата сезонска победа, а вкупно 31-ва во кариерата. Скијачката од Словачка оствари вкупно време по двете возења од 1:47,62 минути, а зад неа финишираше Лена Дир од Германија со 72 стотинки послабо време. Трета беше Американката Еј Џеј Хрт, која за прв пат во кариерата дојде до подиум во Светскиот куп.

Најголемата фаворитка за победата Микаела Шифрин не ја заврши првата трка. Американката сепак останува прва во слалом со 430 бодови, но Влхова сега има само пет помалку на втората позиција. Во генералниот поредок исто така Шифрин е лидер со 929 бодови, а Влхова е втора со 722.

Следниот викенд скијачките ќе се натпреваруваат во Алтенмаркт, Австрија и на програмата се три трки во супер велеслалом, спуст и повторно во супер велеслалом.