Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Волкановски го зацементира својот легендарен статус во УФЦ

/

пред 1184 дена

Сподели преку :

Александер Волкановски по петти пат ја одбрани шампионската титула во перолесна категорија во УФЦ откако утринава во Лас Вегас го совлада Јаир Родригез. Борецот од Австралија со македонско потекло славеше со прекин во третата рунда.

Волкановски доминираше против Мексиканецот во текот на целата борба и ја доби со технички нокаут. За 34-годишниот борец ова е 12-та борба без пораз по ред во перолесна категорија и по петти пат ја одбрани шампионската титула што прво ја освои против Макс Халовеј во 2019 година.

Во февруари годинава Волкановски загуби од Ислам Махачев откако се обиде да оди една категорија погоре за да унифицира две шампионски титули, но беше поразен на поени од бранителот на појасот.

Австралиецот најави дека наскоро треба да оди на операција за да ја санира  повредата на раката, но очекува до крајот на годинава да има уште една борба и тоа најверојатно против Илија Топурија.