Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Врвни резултати на митингот во Шиамен, порази на неколку светски шампиони

/

пред 1129 дена

Сподели преку :

Кинескиот град Шиамен за прв пат во историјата беше домаќин на митинг од Дијамантската лига кој е втор во низа по завршувањето на Светското првенство во Будимпешта.

На денешното натпреварување беа поставени четири најдобри резултати во досегашниот тек од сезоната, а се случија и неколку изненадувања во кои се поразени освојувачите на златни медали на неодамна завршениот атлетски Мундијал.

Во скок во височина Украинката, Јарослава Махучик триумфираше со 202 сантиметри што е израмнување на најдобриот резултат во 2023 година.

Во трката на 100 метри триумф на Кристијан Колман, кој на целта пристигна со време од 9 секунди и 83 стотинки што исто така е најдобар резултат сезонава.

На 800 метри славеше Кениецот, Емануел Ванјиони кој постави најдобар резултат во годината, а успеа да го совлада актуелниот светски првак Марко Ароп од Канада.

Освојувачот на златото на 110 метри со пречки Грент Холовеј е поразен од Ханси Парчмент од Јамајка, кој на целта пристигна со време од 12 секунди и 96 стотинки што е најдобро постигнување во оваа сезона.

Ивана Вулета во скок во далечина го освои првото место со нов рекорд на митингот, а на 400 метри најбрз беше Кирани Џејмс.

Најдобар резултат во сезоната забележа и победничката на 3000 метри, Беатрис Чебет од Кенија додека во машки трискок најдобар беше Италијанецот, Енди Дијаз Ернандез кој беше поуспешен од Фабрис Занго од Буркина Фасо.

ФОТО: Игор Паневски