Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Втор триумф на Штефан Крафт во Рука за нов рекорд на големите скокалници

/

пред 1043 дена

Сподели преку :

Штефан Крафт фантастично ја отвори сезоната во Светскиот куп во ски скокови и тоа со двоен триумф во Рука, Финска, а денеска испиша нова историја во натпреварувањето.

Австриецот по вчерашната победа и денеска беше најдобар по двете серии и со вкупни 363,5 бодови и два идентични скока од по 148,5 метри. Со тоа тој постави нов рекорд за најголем вкупен резултат на голема скокалница во историјата на Светскиот куп.

Второто место му припадна на сонародникот на Крафт, Јан Херл, додека трет беше Германецот Андреас Велингер.

По овие две победи очекувано Крафт е лидер во генералниот поредок по само два натпревари со максимални 200 бодови.

Ски скоковите продолжуваат следните викенд, кога има два натпревари во норвешки Лилехамер.