Македонскиот каратист Петар Заборски се пласираше во четвртфиналето на турнирот од Карате 1 Премиер лигата што се одржува во Анталија, Турција.
Каратистот на Макпетрол имаше перфектен ефект во групната фаза и ги доби сите три борби во категоријата до 75 килограми. Негов ривал во четвртфиналето ќе биде Казахстанецот Абилмансур Батиргали.
На овој турнир од Карате 1 Премиер лигата нстапува уште еден член на Макпетрол, а тоа е Петар Спасеновски во категоријата под 84 килограми.











