Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заборски во недела ќе се бори за бронза во Атина

/

пред 996 дена

Сподели преку :

Каратистот на Макпетрол, Петар Заборски во недела ќе се бори за бронзениот медал на престижниот турнир во Атина од Карате 1 – А серија. Заборски несреќно загуби во полуфиналето со судиско изјаснување.

Македонскиот каратист оствари четири победи за да стигне до полуфиналето. Во првото коло го победи Димитриос Столис од Грција, а во втората борба го совлада ривалот од Португалија, Бернардо Пино Фернандез. Потоа Заборски беше подобар и од каратист од Грузија и Црногорецот Немања Микулиќ. Во полуфиналето Македонецот загуби од Мохамед Абудабус од Либија и тоа со судиско изјаснување откако борбата заврши нерешено 3-3.

Во недела ќе се бори за бронзениот медал и ќе се обиде да го повтори успехот од Ларнака пред неколку месеци кога исто така освои бронза.