Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зајц ја воодушеви Словенија за злато на СП во Планица

/

пред 1312 дена

Сподели преку :

Тими Зајц ја израдува Словенија, бидејќи денеска триумфираше пред домашните навивачи во Планица на големата скокалница и стана светски шампион во ски-скокови.

Зајц до победата стигна со скокови од 137,5 и 137 метри или вкупно 287,5 поени. Зад Словенецот заврши Риоју Кобајаши од Јапонија, додека на подиумот имаше место и за Полјакот Давид Кубацки, кој се закити со бронзата.

Ова е втор медал за земјата домаќин на Светското првенство во нордиско скијање, откако Словенците се закитија со бронза и во мешани тимови изминатиот викенд.