Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зајц лидер по првите две рунди на Светското првенство во ски летови

/

пред 982 дена

Сподели преку :

На Светското првенство во ски-летови што се одржува во Австрија на легендарната скокалница Кулм, Тими Зајц е лидер по првите две рунди. Победникот ќе се решава утре по последнита два скока.

Зајц, кој на претходно Светско првенство во ски летови пред две години заврши на втората позиција, денеска беше најдобар со вкупно 435,8 поени и скокови од 228,5 и 227 метри. Лидерот во Светскиот куп, Штефан Крафт од Австрија е втор со 12,3 поени помалку од Словенецот, додека трет денеска беше Јохан Андре Форфанг од Норвешка.

Утре во Кулм на програмата се третата и четвртата серија по што ќе биде познат новиот светски шампион. Во недела на програмата е тимското натпреварување.