Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши регуларната сезона за Дончиќ: Голем удар за Лејкерс пред плеј-офот

/

пред 182 дена

Сподели преку :

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, заработи повреда на задната ложа на левата нога и за него регуларниот дел од сезоната во НБА е завршен.

Словенецот се повреди во поразот од актуелниот шампион Оклахома пред два дена и сигурно ќе ги пропушти последните пет натпревари. Првата рунда од плеј-офот започнува на 18 април.

Од клубот не соопштија точна временска рамка за неговото враќање, но според слични случаи, ваквите повреди обично бараат пауза од најмалку 30 дена.

Тоа практично значи дека Дончиќ најверојатно ќе ја пропушти и првата рунда од плеј-офот. Во зависност од тоа колку далеку ќе стигнат Лејкерс, постои можност да се врати на теренот до крајот на сезоната.

Дополнително, Дончиќ автоматски отпаѓа од конкуренција за индивидуалните признанија, бидејќи правилото на НБА налага минимум 65 одиграни натпревари во регуларниот дел, а тој има еден помалку.