Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Заврши сезоната за Новак Ѓоковиќ: Нема да настапи на АТП финалето

/

пред 697 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ нема да настапи на АТП финалето во Торино следната недела поради повреда. Ова значи дека сезоната за српскиот тенисер и официјално е завршена.

Ѓоковиќ на социјалните мрежи објави дека нема да настапи на завршниот сезонски мастерс турнир поради повреда што ја влече подолго време.

„Голема е честа што се квалификував за АТП финалето во Торино и со нетрпение очекував да бидам таму, но поради повреда нема да играм следната недела. Им се извинувам на сите оние кои планираа да ме гледаат. На сите играчи им посакувам одличен турнир. Се гледаме наскоро“, напиша Србинот на „Инстаграм“.

Освојувачот на 24 грен слем трофеи нама одиграно официјален меч уште од поразот од Јаник Синер во финалето на мастерсот во Шангај минатиот месец. Тој не настапи ниту на мастерсот во Париз што заврши минатиот викенд.

АТП Финалето во Торино стартува во недела на 10.ноември.