Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жиру прв стрелец во историјата на Франција

/

пред 1404 дена

Сподели преку :

Напаѓачот на фудбалската репрезентација на Франција, Оливие Жиру во осминафиналниот меч против Полска беше стрелец на еден од трите погодоци за Триколорите.

Со овој гол 36-годишниот Жиру влегува во историјата на националниот тим и со вкупно 52 погодоци тој е најефикасниот играч на Триколорите.

Жиру за еден гол го надмина рекордот на Тјери Анри кој го носеше дресот на Франција во периодот од 1997 до 2010 година.

Зад водечката двојка на вечната листа се Антоан Гризман со 42 гола, Мишел Платини со 41 и Карим Бензема со 37 погодоци.

Жиру воедно со 36 години и 65 дена стана четвртиот највозрасен фудбалер кој успеал да се запише во листата на стрелците во еден елиминациски натпревар на Светските шампионати.

Рекордот е сопственост на Роже Мила кој постигна погодок со 38 години и 34 дена.

ФОТО: Игор Паневски