Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жоао Феликс сака да замине во Арсенал

/

пред 1370 дена

Сподели преку :

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс по секоја цена сака во текот на јануарскиот преоден рок да го напушти клубот, а според последните информации тој веќе го избрал Арсенал како следна дестинација во неговата кариера.

Најголем проблем околу комплетирањето на трансферот е сумата која шпанскиот прволигаш ја бара за предвремен раскин на договорот, а таа изнесува 130 милиони евра.

Топчиите во текот на преговорите ќе се обидат да се изборат за шестмесечна позајмица за кој нудат сума од 15 милиони евра, а по завршувањето на сезоната да се разговара за откуп на договорот за далеку пониска сума од сегашната.

ФОТО: Игор Паневски