Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Жоао Кансело понуден на Реал Мадрид

/

пред 1242 дена

Сподели преку :

Според пишувањето на некои медиуми во Шпанија, претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез неочекувано добил понуда да го ангажира Жоао Кансело.

Португалскиот репрезентативец во моментов е позајмен во Баерн, а Манчестер Сити нема намера да го врати во своите редови.

Патем Жоао Кансело не е задоволен од статусот кај Баварците и откако дојде во Минхен во текот на јануарскиот преоден рок тој има само 13 настапи, а еднаш успеа и да се запише во листата на стрелците.

Дваесет и осум годишниот Кансело со првакот на Англија има договор до 2026 година, а најголем проблем околу реализација на неговиот трансфер е висината на обештетувањето кое изнесува 70 милиони евра.

Реал Мадрид очајнички се обидува да најде соодветно решение за левата бековска позиција, но потребен е фудбалер кој има континуитет во настапите што не е случај со Португалецот.

Сепак се шпекулира дека доколку сумата што треба да се плати за предвремен раскин на договорот драстично се намали постои веројатност Жоао Кансело летово сепак да се пресели на Сантијаго Бернабеу.

ФОТО: Игор Паневски