Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ждрепката за баражите за ЕП 2024 в четврток во Нион

/

пред 1049 дена

Сподели преку :

Познати се сите репрезентации кои преку баражите ќе се обидат да обезбедат пласман на претстојното Европско првенство што ќе се одржи следната година во Германија.

Откако само два национални тим од А Лигата на нации не успеаа преку квалификациите да се пласираат во завршницата, Полска и Велс ќе се обидат целта да ја исполнат преку баражот.

Првиот потенцијален противник во полуфиналето им е репрезентацијата на Естонија додека жрепката ќе одреди која од селекциите на Украина, Исланд и Финска ќе биде дел од овој бараж.

Останатите два тима ќе им се приклучат на репрезентациите на Израел и Босна и Херцеговина кои во претходното издание беа дел од Б Лигата на нации.

Од Ц Лигата во полуфиналето ќе се сретнат Грузија – Луксембург и Грција – Казахстан.

Жрепката ќе се одржи в четврток во Нион со почеток од 12 часот кога ќе бидат одредени домаќините на полуфиналните и финалните натпревари.

Полуфиналните соочувања се закажани за 21 март, а пет дена подоцна ќе се играат решавачките дуели за пласман на Европскиот шампионат.

ФОТО: Игор Паневски