Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Златибор ја прекина победничката низа на Пелистер

/

пред 1345 дена

Сподели преку :

По две последователни победи кошаркарите на Пелистер доживеаа пораз во третиот настап во циклусот мечеви од АБА 2 лигата што се играат во Бања Лука.

Актуелниот шампион на второто по ранг регионалното натпреварување Златибор славеше над македонскиот претставник со 75:69.

Златибор водеше во поголемиот дел од натпреварот, а на моменти предноста достигнуваше и до 17 поени. Сепак во завршницата Битолчани успеаа да направат пресврт и во последната четвртина и да поведат со 62:60, но потоа противникот со серија од 11:2 повторно ја презема контролата врз резултатот за конечна победа од 75:69.

Најефикасен во редовите на Пелистер со 22 поени беше Донтеј Карутерс, кој додаде уште по седум скока и седум асистенции, Кенет Карпентер беше стрелец на 18 поени, а Андреј Маслинко впиша 13 поени и 8 скока.

Прв стрелец во редовите на Златибор беше Немања Протиќ со 23 поени.

ФОТО: Игор Паневски