Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Злато за Петар Заборски и две бронзи за каратистите на „Макпетрол“ на европската универзијада

/

пред 1169 дена

Сподели преку :

Нов европски универзитетски карате првак е Петар Заборски од скопски „Макпетрол“. Во финалето во категоријата под 75 килограми на Европското универзитетско првенство за боречки спортови во карате во Загреб, тој славеше со 2-0 против Константин Јаненко од Украина.

За студентот на безбедност на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола ова е втор златен медал во третото студентско финале. Во Коимбра, Португалија, 2015 година, тој освои златен медал, а во Загреб 2017 се закити со сребрено одличје.

Членовите на карате-клубот „Макпетрол“, Давид Петков и Петар Спасеновски, исто така, освоија медали на реномираниот спортски собир во Хрватска. И Петков и Спасеновски се закитија со бронзени признанија во своите категории. Давид Петков се избори за бронза откако славеше против Словакот Матеј Хомола. Петар Спасеновски (- 84 кг) се пласира на третата позиција откако го совлада Леон Марциуш од Хрватска.

На Европското универзитетско првенство на боречки спортови, што се одржа во Загреб, учествуваат 1.500 спортисти од 395 универзитети од 30 европски држави.

Освен во карате, се одвиваат натпревари и во џудо, теквондо и кикбокс.