Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бах загрижен за иднината на Олимписките игри

/

пред 1759 дена

Сподели преку :

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет истакна дека е разочаран од потезите на владите на одредени земји потенцирајќи дека во последно време политиката се поинтензивно се меша во спортот и стравува дека ќе дојде време кога на Игрите нема да партиципираат сите 206 земји членки.

Бах рече дека тоа може да биде крај на Олимписките игри како што ги знаеме и дека со ваквото однесување се нарушува духот на олимпизмот и целото движење.

По потврдувањето на дипломатскиот бојкот на Игрите во Пекинг од страна на САД и Велика Британија, идентични потези најавија и владите на Канада и Австралија додека министерот за надворешни работи на Франција, Жан Мишел Бланкер објави дека неговата влада нема да ги бојкотира Игрите и во Пекинг ќе отпатува министерката за спорт, Роксана Марасинеану.