Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Битка за последното место во полуфиналето на ЕП

/

пред 1712 дена

Сподели преку :

Денеска се играат натпреварите од последното коло во првата група од главната рунда на Европското првенство во ракомет.

Во првиот натпревар од 15:30 часот, Исланд е фаворит во дуелот против Црна Гора и со победа ги задржува шансите за освојување на второто место во групата со што ќе обезбеди пласман во полуфиналето на континенталниот шампионат.

Но, за да се исполни целта потребна е и победа на Данска во соочувањето со Франција, а овој дуел почнува од 20 часот и 30 минути.

Во последниот дуел од денешната програма Хрватска и Холандија од 18 часот ќе се борат за победа со која би се обезбедило четвртото место во групата.

Пласман во полуфиналето веќе обезбеди селекцијата на Данска, а меѓу четирите најдобри се уште и селекциите на Шпанија и Шведска.