Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вардар паузира во ЛШ уште една недела: Одложен дуелот со Пик Сегед

/

пред 2195 дена

Сподели преку :

Вардар втора недела по ред нема игра натпревар во Лигата на шампиони, бидејќи по дуелот со Елверум во Скопје, сега официјално одложена е и пресметката со Пик Сегед во Унгарија.

Натпреварот помеѓу Пик Сегед и Вардар требаше да се игра во четврток со почеток во 18:45 часот во рамки на 3.коло од Групата А. Истиот е одложен поради тоа што во редовите на унгарскиот тим се појавија вкупно седум случаи на Ковид-19. Последниот позитивен ракометар беше откриен по мечот со Кјлеце во средата.

„Црвено-црните“ не играа натпревар ниту минатата недела, кога во Скопје требаше да гостува Елверум. ЕХФ го одложи мечот, бидејќи норвешкиот тим по враќањето од Македонија ќе мораше да биде во 14-дневен карантин поради строгите ковид-протоколи во нивната земја.

Вардар досега одигра само еден натпревар во ЛШ сезонава и тоа на гости против Брест Мешков, кога загуби со 24-22 во рамки на 1.коло.