Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Германците со поддршка од трибините во Скопје

/

пред 1829 дена

Сподели преку :

На официјалната веб страница на Германската фудбалска федерација е објавена информација во која се известуваат заинтересираните навивачи дека од 29 септември со четврти октомври може да аплицираат за купување на влезници за следење на квалификацискиот натпревар со Македонија во Скопје.

Право да купат билет имаат само членовите на Фан клубот на германската репрезентација, а влезниците се продаваат по цена од пет евра.

Воедно сите оние што ќе купат влезници за следење на натпреварот на арената Тодор Проески се информираат за протоколите за влез на стадионот.

Мечот против Германија во рамките на квалификациите за Светското првенство го играме на 11 октомври, а почетокот е закажан за 20 часот и 45 минути.