Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Две злата за Норвешка на првиот ден од ЗОИ

/

пред 1702 дена

Сподели преку :

На првиот ден од Зимските олимписки игри во Пекинг на програмата беа шест дисциплини во кои се поделија првите медали.

Првата спортистка која се закити со златото е Норвешката нордијка, Терезе Јохауг која во дисциплината скијатлон на 7 и пол километри имаше најдобро време. Таа на на целта пристигна со 30 секунди предност во однос на Наталија Непријавевој и за прв пат во кариерата се искачи на највисокото место на подиумот. Третата позиција и припадна на Тереза Стадлобер од Австрија.

Второто злато за Норвешка го освои мешаната штафетата во биатлон. Марте Оисбу Роесланд, Тариел и Јоханес Бое и Тирил Екхоф беа најбрзи во трката 4 пати по шест километри и на крајот имаа за само девет десетинки подобро постигнување од колегите од Франција, а бронзата и припадна на штафетата на Русија која во пресрет на последната измена имаше половина минута предност, но не успеа да ја задржи.